Коцевски тврди дека нема добиено покана за дебатата за негово разрешување

Иако во Собранието денеска на дневен ред е постапката за разрешување на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, од институцијата со која тој раководи пристигна информација дека тој сè уште не е официјално повикан.

Од Јавното обвинителство кусо информираа за моменталната состојба:


 

 

 

 

„До Јавниот обвинител на Република Северна Македонија до овој момент не е доставена покана за собраниска седница.“

Оваа информација доаѓа во пресрет на најавената собраниска дебата по предлогот на Владата за негово разрешување поради наводни професионални грешки.

Нејасно е дали се работи за административен пропуст или протоколарен недоразбирање, со оглед на тоа што вообичаена пракса е функционерот за чие разрешување се расправа да биде известен или присутен на седницата.

извор 4 news mk

Back to top button
Close