Комерцијална банка ќе даде понуда за преземање на Стопанска банка Битола

Комерцијална банка ќе даде понуда за преземање на Стопанска банка Битола, соопшти денеска нашата најуспешна банка преку Македонската берза. Комерцијална банка има намера ги преземе сите обични акции на битолската банка.

„Согласно Глава 6 од Правилата за котација, известуваме за следната ценовно чувствителна информација: Согласно член 22, став 1 од Законот за преземање на акционерските друштва, Ве известуваме дека Комерцијална банка АД Скопје, застапувана од Управниот одбор, има намера да дадe понуда за преземање на сите обични акции со право на глас издадени од Стопанска банка А.Д. Битола“, се вели во објавата на Берзата.

Инаку, првата најава за ваквиот чекор беше минатата година кога во две одвоени соопштенија двете банки соопштија дека е можно присоединување на битолската банка кон водечката банка во земјава.

Тогаш беше посочено дека станува збор за рана фаза како и дека постапката не претставува намера за присоединување и во ниту еден аспект нема обврзувачки карактер.

Подоцна во април годинава, беше најавено дека комерцијална банка ќе спроведе длабинска анализа на работењето на Стопанска банка Битола, која ќе даде одговор дали е можна постапка за нејзино присоединување, односно ќе донесе одлука дали да продолжи постапката со изразување на намера за склучување на трансакцијата на присоединување.

Back to top button
Close