Комисијата за заразни болесни предложи: Хронично болните да се вратат на работа
Хронично болните лица се враќаат на работа, освен за оние лица кои имаат извештај од специјалист за игзацербација на болеста, одлучи денеска Комисијата за заразни болести.
Продолженото породилно отстуство, пак, ќе трае до 31.12.2020 година.
-Исто така, продолжува и ослободувањето на бремените жени од работа. За родителите со деца до 10 години, ќе се одлучува на следниот состанок на Комисијата, велат од Комисијата додавајќи дека предлог-одлуката ќе биде доставена до Владата.