Кому му избега насилникот што за малку не го уби директорот на Центарот за социјални работи Прилеп и социјална работничка?!
Кому му избега насилникот што за малку не го уби директорот на Центарот за социјални работи Прилеп и една социјална работничка – дали на МВР, на затворската полиција или пак на самата јавна здравствена установа? Одговор на прашањето кој го вршел транспортот уште нема.
Полициски службеници од Демир Хисар вчера биле во болницата да вршат проверки и на разговор го викнале и директорот. Тие вршат проверки како А.Ј. успеал да избега при транспортот од психијатриската болница до Основен суд Прилеп во пробациска канцеларија и на кој начин дошол до оружјето, пишува СП.
Директорот на ЈЗУ Психијатриска болница „Демир Хисар“ Жан Лозановски одбива да коментира и спушта телефонска слушалка запрашан за спроводот. Тој раководи со јавна здравствена установа во државна сопственост и е именуван функционер, но не дава одговори на нашите новинарски прашања како се случило бегството и кој бил одговорен за лицето во моментот кога тоа избегало. Сè кажал во полиција, а јавноста останува неинфомирана чии се очигледните пропусти на синџирот што треба да обезбеди безбеден транспорт за пациентот.
…