Конференција „Информирај се!Твое право, твоја сигурност!“

 Црвениот крст на град Скопје и Швајцарскиот Црвен крст денеска ќе одржат онлајн конференција на тема „Информирај се!Твое право, твоја сигурност!“.

Конференцијата се одржува во рамките на Неделата на Црвениот крст која се одбележува од 8 до 15 мај, со поддршка на Швајцарскиот Црвен крст.

На конференцијата ќе учествува Горан Кунгуловски, доктор на науки по геномика и молекуларна епигеномика.

Конференцијата има за цел да ги информира граѓаните за процесот на вакцинација против Ковид-19 и овозможување пристап до информации од проверени извори.

Back to top button
Close