Конго: 900 луѓе загинаа во борбите во градот Гома

Најмалку 900 луѓе биле убиени минатата недела во борбите меѓу владините сили на Конго и бунтовниците поддржани од Руанда во конгоанскиот град Гома, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).

СЗО информира дека најмалку 900 тела биле пронајдени на улиците на Гома по петдневните борби во кои бунтовниците М23 ја презеле контролата врз градот.

СЗО соопшти дека во борбите биле повредени речиси 2.900 луѓе.

ОН и владата на Конго претходно соопштија дека во Гома загинале 773 лица.

Бунтовниците М23 се поддржани од околу 4.000 војници од соседна Руанда, според експертите на ОН, многу повеќе отколку во 2012 година, кога првпат ја зазедоа Гома.

Тие се борат за контрола во источно Конго, дел од земјата богат со минерали.

Back to top button
Close