Тешко повреден 67-годишен возач во сообраќајка на патот Градско–Прилеп
Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера на експресниот пат Градско–Прилеп, при што едно лице се здобило со тешки, а друго со телесни повреди, информира Министерството за внатрешни работи.

Несреќата била пријавена во ОВР Кавадарци на 14 септември во 9 часот. Во неа учествувале патничко возило „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 52-годишната К.Л. од Битола, и патничко возило „шкода“, исто така со битолски регистарски ознаки, управувано од Љ.М. (67) од Битола.
Во несреќата тешки телесни повреди се здобил 67-годишниот возач на „шкодата“, додека со телесни повреди се здобила 24-годишната С.С. од Скопје, која била сопатничка во „мерцедесот“. Повредите биле констатирани во Општата болница во Прилеп.
Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.






