Короната во Грција расте- за 23 % зголемена смртноста

За една седмица за 23 отсто се зголемил бројот на смртни случаи од ковид-19 во Грција, додека пак за четири проценти се намалил бројот на заразени, согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина.

Во периодот од 17 до 23 октомври 2022 година, биле регистрирани 52.966 случаи, од кои 22 проценти се реинфекции, а починаа 138 лица.

Направени биле 691.863 тестови, со стапка на позитивност 7,66 отсто, наспроти 7,96 проценти една седмица претходно.

На одделите за интензивна нега во грчките болници 82 пациенти се приклучени на апарати, осум повеќе од минатата седмица.

Од почетокот на пандемијата во Грција се потврдени 5.135.200 случаи на ковид-19, а починаа 33.574 лица.

Back to top button
Close