Косовскиот Парламент повторно не успеа да избере претседател

Кандидатката за самоопределување Аљбуљена Хаџиу ниту на денешното седмо продолжение на конститутивната седница на косовскиот Парламент не ги доби потребните 61 глас за функцијата претседател на Собранието на Косово.

И денеска, како и минатиот пат, за неа гласаа 57 пратеници, 41 беа против, додека тројца беа воздржани.

Претставниците на поранешната опозиција по седницата изјавија дека нема да гласаат за Хаџија, но дека се подготвени да поддржат друг кандидат од Самоопределување.

Демократскиот сојуз на Косово повтори дека „никогаш нема да гласаат за кандидатот на Самоопределување“ за претседател на Собранието.

Претседавајќи со конститутивната седница, Авни Дехари го најави осмото продолжение за вторник, 29 април

Back to top button
Close