Костовски за ТВ24: НБ ни правеше тежок злочин сличен на Холокаустот цела година

Народна банка цела година не држеше под строги мерки и не ни дозволуваше да работиме – вели за ТВ24 сопственикот на Еуростандард банка, Трифун Костовски откако Народна банка ја укина дозволата за основање и работење на Еуростандард банка и најави отворање на стечајна постапка. Вели многу е вознемирен, а јавноста има право да ја слушне и другата вистина.

„Чувството беше дека Народна банка ни правеше тежок злочин сличен на Холокаустот цела година одземајќи ни ги сите права да работиме со правни и физички лица. Точно до 12. август 2020. година и покрај фактот што додатно вложивме 10 милиони евра свежи пари. За жал и во овие години ќе се борам вистината да излезе на виделина. Во ниеден момент не барам амнестија за мене и нашата вина што на раководни позиции ставивме луѓе чија лукративност е дно. Ама во ниту еден момент не се откажавме да ја спасиме банката вложувајќи свежи пари. Убеден сум дека од осамостојувањето па до денес, полоша кадровска екипа која ја видела оваа институција сме немале. Без чувство за потребите на економиката и флексибилност во банкарската фела. Вистинско бирократско однесување без и малку да се помисли за последиците меѓу граѓаните. Се извинувам, можеби претерав, ама боли и тоа како боли“ – вели Трифун Костовски за ТВ24

Back to top button
Close