Ковачевски-ЕСМ во јануари набави природен гас по поевтина цена и тоа беше во согласност со законот

Набавката на природен гас во ЕСМ за јануари е спроведена согласно постапките и процедурите пропишани со закон. Од двете доставени понуди беше избрана поевтината цена на гас за јануари. Таа постапка повторно ќе биде спроведена за февруари и сите компании што имаат обезбедено гас и можат да го продадат за снабдување на ЕСМ тоа можат и да го направат, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарски прашања по посетата на компанијата „Пекабеско“ за тоа дали некој ќе сноси одговорност што е склучен договор со фиксна цена за јануари, а цената на природниот гас паѓа.

Back to top button
Close