Ковачевски му ја предаде лидерската функција во СДСМ на новоизбраниот Венко Филипче

Во партиското седиште на СДСМ на Бихачка сега веќе стариот претседател на партијата Димитар Ковачевски му ја предаде лидерската позиција на новоизбраниот Веко Филипче од страна на членовите кои се одзваа и гласаа за смена на претседателската функција. Ковачевски по катстрофалниот резултат на парламентарните избори на 8 мај поднесе оставка од функцијата како чин на одговорност заедно со останатите членови на раководството.
На изборите за нов лидер се пријавија 4 претенденти а на два дена пред изборите еден од кандидатите пратеничката Славјанка Петровска се повлече од трката со обвинувања дека има неправилности во процедирата за избор на новиот лидер и побара нејзиното име да биде отстрането од гласачкото ливче.
Од гласањето на 30 ти јуни минатиот месец Филипче доби убедливо најмногу гласови од пријавените околу 23 илјади социјалдемократи. Второпласираниот Јовам Деспотовски со 4 пати помалку гласови и за време на кампањата но и вечерта на прогласувањето обвини за неправилности и според него дека на над 10 илјади членови не им било дозволено да гласаат пто бепе демантирано од изборната комисија дека се работи за 51 гласач кои ги немало ви списокот на членови на партијата.
Денеска по примопредавањето на функцијата Филипче објави фотографии и на фејсбик напиша.
Денеска ја презедов функцијата Претседател на СДСМ. Следи период на многу работа, обединување и реформа на СДСМ.
Процесот нема да биде ниту брз ниту лесен, но освен темелни промени не постои друг начин да ја вратиме довербата кај членовите, за да може постепено да ја освојуваме и довербата кај граѓаните. Ќе водам со пример, ќе обединувам и ќе работам како што ветив, како што се обврзав пред членовите.
Сечиј глас ќе биде слушнат. Со честа и отворена комуникација со членството ќе создадеме нова енергија на партијата која ќе ја трансформираме во една ефикасна организација. СДСМ ќе се врати посилна и ќе продолжи да биде мотор на општествениот напредок.

Back to top button
Close