Ковачевски: Не трпам директори што не плаќале струја.најчесто тоа е неодговорно и раскалашено

Сите витални функции на државата ќе ги обезбедиме со електрична енергија. Оние институции кај кои не постојат објективни причини за неплаќањето на сметките ќе бидат повикани на одговорност, вели премиерот

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека државата ќе мора да им ги покрие долговите за електрична енергија на оние клучни институции што имале објективни причини за такво нешто, но не и на оние институции кај кои не постојат вакви причини. Сите витални функции на државата ќе ги обезбедиме со електрична енергија. Оние институции кај кои не постојат објективни причини за неплаќањето на сметките, најави дека ќе ги повика на одговорност.

„Не ми е сфатливо како може со години да не се плати струја тоа е недомаќинско, раскалашено однесување на дел од директорите на тие институции. Кај дел има и објективни фактори, на пример здравствените институции кои беа оптоварени со многу трошоци во текот на корона кризата. Државата ќе мора да ги покрие трошоците на некои клучни институции, другите кај кои не постојат толку објективни причини за неплаќање на сметките ќе бидат повикани на одговорност. Ако ние имаме енергетска криза во текот на две години, а тие имаат неплатени сметки три години, тогаш енергетската криза не влијае. Не трпам директори кои не плаќале струја затоа што сметале дека нивните институции не можат да останат без струја само затоа што се од витално значење“,изјави Ковачевски одговарајќи на новинарски прашања по денешната прес-конференција во Владата.

Back to top button
Close