Ковачевски: Нема зголемување на даноците!

Се укинува прогресивното оданочување што требаше да почне од 1 јануари и не се предвидуваат нови даноци, ниту зголемување на постојните, објави денеска премиерот Димитар Ковачевски по владината седница на која беше усвоен новиот концепт на даночна реформа

.Со новиот концепт, данокот на личен доход останува 10 проценти, данокот на добивка останува 10 проценти, данокот на додадена вредност останува 18, а нема да се оданочуваат ниту каматите на депозитите и штедните влогови.

 Овој нов концепт значи ревидирање на даночните ослободувања, проширување на даночната основа и крајно сузбивање на неформалната економија. Со ова, резултатот од новиот концепт ќе биде одржливи и повисоки стапки на економски раст, но и транспаретно управување со јавните финансии што е особено важен услов во оваа најголема економска криза, рече Ковачевски на прес-конференцијата по владината седница.

Back to top button
Close