Ковачевски: Огромна победа на државата во Стразбур!

Решението на судот во Стразбур, во кое се посочува дека за важноста на аболициите од претседателот Ѓорѓе Иванов може да се одлучува откако ќе завршат судските постапки, премиерот Димитар Ковачевски го оценува како „огромна победа на државата“. Тој смета дека Владата победила во процесот.

– Македонскиот тим даде се од себе и издвојува победа во исклучително комплексен случај. Со одлуката на судот во Стразбур која во случајов е во корист на државата, жалбите на апликантите се прогласени за недозволени вклучително и во делот на наводните помилувања. Аргументите на Владата се уважени од Стразбур. Спротивно на тврдењата на апликантите, судот не утврди прекршување на европската конвенција за човекови права – рече Ковачевски.

Според него, ова е победа и на државата и на правдата и на правосудниот систем.

-Со одлуката судот смета дека жалбата на апликантите се недозволени поради неискористување на домашните правни лекови. Ние сме државата членка на Советот на Европа, нашата посветеност за да владеењето на правото се неспорни во голем број други случаи. Дополнително како држава која води преговори со ЕУ, факт е дека владеењето на правото е еден од највисоките приоритети за нас – истакна премиерот.

Back to top button
Close