Ковачевски – Шоле: Продолжува силната поддршка и стратешкото партнерство со САД

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, синоќа разговараше телефонски со Дерек Шоле, советник на државниот секретар на САД, Ентони Блинкен.

На телефонскиот разговор учествуваа и заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, министерката за одбрана Славјанка Петровска, и амбасадорката на САД, Ангела Агелер, соопшти владината прес-служба.

Разговорот беше со фокус на стратешкото партнерство на Северна Македонија и САД и идната соработка и поддршка која ја имаме во насока на остварувањето на нашите стратешки цели. Се раговараше и на повеќе теми како што е справувањето на Владата со енергетската криза, но и за инфраструктурните и енергетски проекти за кои Северна Македонија ќе има силна поддршка од САД.

Меѓу останатото, тема на разговорот беше и развојот на Северна Македонија во делот на борбата против корупцијата и унапредување на владеењето на правото.

На разговорот беше изразено взаемо задоволство од текот на скрининг процесот, а се разговараше и за забрзаната евроинтеграција на земјата како приоритетна стратешка цел на Северна Македонија, а со фокус на реформските процеси кои се случуваат како резултат на истата, соопшти прес-службата на Владата.с

Back to top button
Close