Случајот со смртта на шестгодишното девојчето во Битолската болница пријавен во ОЈО. Директорот на болницата итно кај министерот

Премиерот Димитар Ковачевски денеска одговарајќи на новинарско прашање рече дека директорот на Битолската болница е на пат кон Скопје каде треба да се состане со министерот за здравство во врска во смртта на шестгодишното девојче кое почина примајќи инфузија.

-Веќе е почнат вонреден надзор, директор на пат за Скопје каде ќе има состанок со министерот за здравство. Информирано е и Јавното обвинителство за овој случај. Врз основа на факти треба да се види што се има случено и да се направат соодветни санкции, рече премиерот.

„Разговаравме и вчера и утрово со министерот, тука е и директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, веќе е почнат вонреден надзор за тоа што се случило во Битола, директорот е веќе на пат за Скопје каде ќе има состанок со министерот и заменичката, а информирано е и јавното обвинителство. Сите детали, откако ќе ги имаат, ќе бидат споделени со јавноста, тие треба да се врз основа на факти, да се утврди објективната состојба и врз основа на нив да се направат соодветни санкции таму каде ќе биде потребно“,рече денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Министерот Меџити, исто така потенцираше дека инспекциските служби се на терен и ќе ја информираат јавноста откако ќе има информации.

Back to top button
Close