Ковачевски: Со навремени мерки не дозволивме инфлацијата да експлодира

Премиерот Димитар Ковачевски во интервју на Сител телевизија рече дека Владата со ограничување на маржите спречи драстично зголемување на цените на храната, а со тоа и раст на инфлацијата.
„Владата постојано и во текот на целото лето работи на мерки коишто ја ублажуваат инфлацијата и коишто не дозволуваат инфлацијата да експлодира особено во делови на производи коишто се во најголем дел од увоз”, рече Ковачевски.Премиерот истакна дека што се однесува до храната, Министерството за земјоделие веќе направи план и го реализира планот за зголемено производство на храна во државата.

„Јас денеска ги гледав бројките за производство на пченица, пченка, јачмен, и увозот кај сите култури е намален, зошто е намален, затоа што го зголемивме производството и имаме многу јасен план, доделивме над 20.000 хектари површини за производство на пченица низ неколку јавни наддавања каде што земјоделците покажаа голем интерес. Потоа определивме финансиски средства за субвенционирање на вештачките ѓубрива, цената на вештачките ѓубрива е исто така енормно зголемена на европските пазари, затоа што основна суровина за производство на вештачки ѓубрива е амониум, а амониумот се добива со помош на гас, и тоа зголемување на цената на гасот прави практично зголемување во ланецот на производство на крајот на денот кај прехранбените производи”, рече Ковачевски.

Премиерот истакна дека обврска на државата е да се заштитат најранливите категории на граѓаните.

Back to top button
Close