Кралот Чарлс и Камила ја напуштаат омилената палата

Кралот Чарлс (75) и Камила (76) се подготвуваат да ја напуштат Кларенс Хаус, а поради здравјето на кралот забрзана е работата во Бакингемската палата за да може кралската двојка да се всели што е можно поскоро.

Така, кралот полесно и побрзо ќе ги извршува секојдневните обврски и нема да мора да патува. Доколку се оди според планот, работите би можеле да завршат до 2027 година.

Кралот Чарлс и неговата сопруга планираат да се преселат во северното крило на палатата, која се реновира десет години. Работата ја започна кралицата Елизабета Втора. Во моментов се реновираат приватни станови

Поради забрзувањето на работата, кралот Чарлс моментално бара нова послуга. Неговата канцеларија објави оглас во кој бара луѓе задолжени за „одржување, чистење и грижа за широк спектар на ентериери и предмети“!

Во огласот исто така е наведено дека од вработените ќе се бара да патуваат и во други кралски резиденции во текот на годината во период од три месеци.

Претходно искуство во домаќинство или кетеринг не е потребно, но е предност. Повеќе нè интересира вашиот проактивен пристап и способност да се справите со новите предизвици – стои во описот на огласот.

Back to top button
Close