Kран предизвикал испад на далекувод во Бутел, имало искри, па оддекнал звук: ЕВН санирале и пуштиле струја
Во Бутел настана прекин во снабдувањето со електрична енергија поради испад на далекувод 110кВ предизвикан од страна на кран, кој не е во сопственост на Електродистрибуција, ниту пак во моментот извршувал работни активности за компанијата.
Според очевидци кои се обратија до „Скопје1“, трафостаницата се наоѓала на расрсница. Имало искри, па оддекнал звук налик на експлозија. Од ЕВН велат дека веднаш се било санирано.
„Екипите на Електродистрибуција веднаш излегоа на терен и го санираа дефектот во најбрзо време. Сите корисници во овој реон веќе имаат стабилно снабдување со електрична енергија“, велат од ЕВН за „Скопје1“.