Кражба на злато вредно 13 милиони евра од аеродромот во Торонто
Канадската полиција истражува кражба на злато и вредни предмети во вредност од околу 13,5 милиони евра од аеродромот во Торонто.
„Златото и многу скапите предмети пристигнале во понеделникот вечерта со авион и биле истоварени во хангарот. Контејнерот во кој се наоѓале вредните предмети е украден од магацинот“, рече на прес-конференција претставник на локалната полиција, додавајќи дека исчезнувањето на пратката било брзо откриено.
Детали за начинот на кражбата и осомничените не се соопштени.
Медиумите објавија дека од аеродромот исчезнале повеќе од 1,6 тони злато, што би вредело многу повеќе од 20 милиони канадски долари (13,5 милиони евра) колку што наведуваат властите дека вреди скапата пратка.