Кремљ ја поздрави „воздржаната“ американска реакција на ракетниот напад во Полска

Кремљ ја поздрави американската „воздржаност“ околу проектилот што падна во Полска претходниот ден, уверувајќи дека Русија „нема никаква врска“ со инцидентот што предизвика зголемување на тензиите, пренесе Бета.

– Треба да се нагласи воздржаната и многу професионална реакција на американската страна, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, осудувајќи ја „хистеријата на високи функционери на неколку земји“.

– Русија нема никаква врска со инцидентот што се случи во Полска, додаде Песков, повторувајќи ги претходните изјави на руското Министерство за одбрана.

Ракета од руско производство вчера падна во рурална област на Полска во близина на границата со Украина, при што загинаа две лица. Тоа предизвика тензии и страв од ескалација на конфликтот.

Американскиот претседател Џо Бајден утринава на маргините на самитот на Г20 на Бали, изјави дека е малку веројатно ракетата да е истрелана од руска територија, а во исто време и понуди поддршка на Полска во истрагата за тоа како се случил инцидентот.

Back to top button
Close