Кремљ: Путин е отворен за разговори за можно решение во Украина

epa08877231 The frozen Moscow river in front of Kremlin Moscow, Russia 11 December 2020. EPA-EFE/YURI KOCHETKOV
Претседателот Владимир Путин е отворен за разговори за можното решение во Украина, но одбивањето на САД да ги признаат анектираните територии како руски ја кочи потрагата по потенцијален компромис, соопшти денеска Кремљ.

– Претседателот на Руската Федерација секогаш бил, е и останува отворен за преговори за обезбедување на нашите интереси, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков за новинарите на прашањето за изјавите на американскиот претседател Џо Бајден.

Тој додаде дека „најпосакуваниот начин да ги постигнеме нашите интереси е преку мирни, дипломатски средства”.

Американскиот претседател Џо Бајден вчера изјави дека е подготвен да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин доколку тој покаже дека е заинтересиран да стави крај на војната што ја води во Украина.

Бајден истакна дека Путин „ сè уште не го сторил тоа”.

Back to top button
Close