Кремљ: Средба меѓу Трамп и Путин е неопходна, но засега не е планирана

Кремљ денеска соопшти дека средба меѓу претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, е неопходна, но Путин нема планирано патување за Блискиот Исток во средината на овој месец.

Ова го изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во одговор на новинарско прашање дали е можна средба Трамп-Путин во Саудиска Арабија. Трамп планира да ги посети Саудиска Арабија, Катар и Обединетите Арапски Емирати меѓу 13 и 16 мај.

Песков рече дека за организирање на таква средба се потребни многу напори и во оваа фаза нема ништо конкретно.

Во исто време, портпаролот на Кремљ изјави дека одлуката на Германија да ја определи партијата „Алтернатива за Германија“ како „екстремистичка организација“ покажува дека во Европа изобилуваат рестриктивни мерки за политички сили и личности „кои не се вклопуваат во актуелната конјунктура“.

Дмитриј Песков ја изрази и загриженоста на Русија во врска со тензиите меѓу Индија и Пакистан, кои се зголемија по насилството на границата кон крајот на минатиот месец. Портпаролот на Кремљ истакна дека Москва високо ги цени односите и со Делхи и со Исламабад

Back to top button
Close