Кривична пријава и притвор за раководител на образовен центар во Штип, допирал по телото малолетни ученички


Полициски службеници од Отсекот за криминалистичка полиција при СВР Штип вчера во 19:50 часот го лишиле од слобода А.Ш.(65) од Штип. Тој се сомничи дека како управител на образовен центар во Штип, за време на одржување на дополнителна настава, подолг период допирал по телото неколку малолетни ученички, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Настанот во полициска станица, како што се посочува, го пријавиле родители во присуство на ученичките и на претставници на Јавната установа – Меѓуопштински центар за социјални работи Штип.

Со судска наредба извршени се претреси во неговиот дом и во образовниот центар и одземени се предмети за понатамошна постапка.А.Ш. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него е поднесена кривична пријава, а од судија на претходна постапка му е определена мерка притвор од 30 дена, стои во соопштението од МВР.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close