Кривична пријава против двајца браќа од Кочани: Со ножеви боделе луѓе пред продавница

Полицијата во Кочани поднесе кривична пријава против 30-годишниот И.М од Кочани поради обид за убиство и против неговиот брат Б.М. за сторено насилство и двајцата од село Тркање, кочанско.

„Имено, како што МВР веќе ја информираше јавноста вчера (02.05.) околу 00:00 часот пред продавница во село Тркање, додека група лица седеле пред продавницата дошле браќата И.М и Б.М по што без никаков повод и причина најпрвин лицето И.М го нападнал лицето Ж.Б со повеќе убоди од нож, нанесувајќи му тешки телесни повреди, а кога другите лицата пред продавницата се вмешале за да ја смират ситуацијата, лицето Б.М исто така со нож во раката замавнувал наоколу при што нанел повреди на две лица, а неговото дејствие предизвикало чувството на страв и несигурност кај другите лица“, се вели во билтенот на МВР.

Од страна на ОВР Кочани веднаш е постапено по пријавениот настан преземени се сите потребни мерки и дејствија по што се обезбедени лицата кои го извршиле немилиот настан. Извршен е увид на местото на настанот, извршени се службени разговори со сите лица инволвирани во истиот, а пронајдени се предметите со кои е извршено кривичното дело.

Back to top button
Close