Кривична пријава за незаконска екплоатација на минерална вода

Директорот на Управата за финансиска полиција се наоѓа во самоизолација поради приватен контакт со Зеќири - МИА

– Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против едно физичко лице во својство на одговорно лице и сопственик на правното лице СУН АНД СТАРС ДОО експорт – импорт од Тетово, едно физичко лице во својство на одговорно лице во правното лице СУН АНД СТАРС ДОО експорт – импорт од Тетово, како и против ова правно лице поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „Незаконска експлоатација на минерални суровини“ од член 225-а ст.1, в.в со став 2, а в.в со член 22 и член 45 на КЗ на РСМ.

Првопријавеното лице заедно со второпријавеното лице во својство на одговорни лица и сосопственици на третоопријавениот правен субјект СУН АНД СТАРС ДОО експорт – импорт од Тетово, искористувајќи ист траен однос и исти прилики, во период од 01.01.2017 година до 31.12.2020 година, како што стои во соопштението од Управа за финансиска полиција вршеле незаконска експлоатација на минерални суровини-минерална вода определени со закон.

– Спротивно на член 9 од Договорот за концесија за експлоатација на минерална вода на локалитетот “с.Првце”, Општина Теарце склучен во 2015 година, спротивно на член 53 став 1 од Законот за минерални суровини и спротивно на член 26 од Законот за води, пријавените, без да ги обезбедат законски предвидените Дозволи за користење на води, за испуштање на вода и за експлоатација на минерални суровини, изворите на минерални води ги експлоатирале, водата ја полнеле во шишиња и истата ја ставиле во промет, со што се стекнале со противправна имотна корист, од продажбата на флашираната вода „Шарпланинска вода- Iam Scardica water“ во износ од 28.659.312 денари, соопштија од Управата за финансиска полиција.

Back to top button
Close