Крос за „Златната топка“: Тоа е престижна награда, но не и важно, ниту еден играч не може да освои ништо сам

Фудбалерот на Реал Мадрид, Тони Крос го сподели своето мислење за важноста на „Златната топка“.

– Мое мислење е дека не се потребни индивидуални награди во екипен спорт. Отсекогаш сум го кажувал ова и останувам убеден во исправноста. Ниту еден играч не можеше да освои ништо сам. „Златната топка“ е престижна, но не и важна. Тоа е голема разлика. Јас едноставно мислам дека оваа награда не е важна, или не е толку важна, како што сметаат други фудбалери, рече Крос на својот поткаст „Einfach mal Luppen“.

„Златна топка“ е годишна фудбалска награда која се доделува од страна на „Франс фудбал“ на играчот за кој се смета дека бил најдобар во измината календарска година.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close