Курц: Северна Македонија сработи одлично на патот на евроинтеграциите

Северна Македонија сработи одлично на патот на евроинтеграциите, напиша денеска на твитер австрискиот канцелар Себастијан Курц, по средбата со премиерот Зоран Заев на Самитот на ЕУ за Западен Балкан во Виена.

Според канцеларот Курц, потребно е да се исполнат ветувањата и брзо да се започнат пристапните прегоговори.

-Ние мора сега да ги одржиме нашите ветувања и брзо да ги започнеме пристапните преговори, пишува на твитер канцеларот Курц.

Back to top button
Close