Курти: Србија не е нормална земја

Косовскиот премиер Албин Курти за градската телевизија на Подгорица, еден ден по постигнувањето договор за регистарските таблички во средата во Брисел, изјави дека Србија не е нормална земја.

„Мислам дека Србија не е нормална земја, но тоа е работа на српскиот народ. Мислам дека нашите односи не се нормални“, рече Куртиtwitter sharing button

.Тој очекува взаемно признавање од земјата, до пролет следната година.

Курти рече дека српската влада е „основана“ на три убиства – Зоран Ѓинѓиќ, Иван Стамболиќ и Оливер Ивановиќ.

На српските власти им е потребно, како што рече, „двојно дистанцирање“ од злосторствата, односно оние од времето на Милошевиќ, а сега и од режимот на Путин.

За разлика од тоа, Косово за него е „двојна успешна приказна“

Back to top button
Close