Кутев: Предлогот на Слави Трифонов за претседателска република во Бугарија е провокација

Предлогот на лидерот на „Има таков народ” Слави Трифонов за референдум за претседателска република е предизборна провокација, коментира за БНР Антон Кутев, портпаролот на преодната влада на Бугарија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Кутев, Трифонов очигледно на некој начин се обидел да одработи за претстојните парламентарни избори на 2 октомври. Портпаролот на привремената влада коментира дека оваа идеја на Слави Трифонов не била договорена со претседателот на Бугарија Румен Радев.

Спроведувањето може многу тешко да стане реалност во бугарскиот политички живот, рече и Антон Кутев. За да се направи тоа, потребна е промена на уставот на земјата, за што е потребно квалификувано мнозинство од две третини. Во моментов нема такви услови, рече портпаролот на преодната влада и додаде дека, според него, ова е повеќе предизборна егзотична идеја отколку каков било вистински политички потег.

Back to top button
Close