Кузеска: Чулев веднаш да си поднесе оставка, свесно го загрозува здравјето на граѓаните и поттикнува незаконско постапување

Скопје, 30 мај 2020

Бројките на новозаболени граѓани од коронавирусот деновиве, се директна последица од неработењето, популизмот и партиското профитерство на техничкиот министер Наќе Чулев и неговиот шеф Христијан Мицкоски.

Наместо како прв човек на МВР, да се стави во заштита на јавното здравје, Чулев игра опасна игра и во обид да им се додвори на граѓаните, поттикна непочитување на јасно пропишаните мерки за заштита од коронавирусот.

Со неговата евтина и популистичка изјава, дека, замислете, иако бил под притисок, тој сепак нема да ги казнува граѓаните кои не ги почитуваат мерките, директно охрабри прекршување на рестриктивните мерки и задолженија.

Додека министерот за здравство Венко Филипче три месеци го мобилизира здравствениот систем за успешна борба против вирусот, додека Владата предводена од СДСМ воведува мерки за заштита од ковид-19, Наќе Чулев извршува партиски наредби и придонесува за зголемување на бројот на заразени.

Во изминатиот период сведоци бевме на бројни прекршувања, кои Чулев намерно ги игнорираше.

Полицијата предводена од Наќе Чулев не презеде ништо за тоа што граѓани со решение за самоизолација се шетаат надвор

Дозволи масовен собир на литија во Струга, со што го загрози здравјето на граѓаните

Не постапи за собирот на навивачи пред црквата Св. Спас на 4 Мај

Не постапи при оро во Чаир додека полициска кола поминувала среде оро

Чулев лично организираше прослава на Денот на полицијата, со прекршување на мерките за заштита.

На истата прослава димна бомба заврши на дипломатската трибина, каде беа и новинари

Обезбедувањето на Чулев на настанот пробуваше да оддалечи новинар од министерот, само зато што сакал да му постави прашање, при што рекле дека “треба да му одржат лекција”

Чулев, единствено работи под диктат на ВМРО ДПМНЕ.

Се обиде да спречи хумана акција за помош на граѓаните.

Во време на полициски час, ја ангажира полицијата за снимање на рекламен спот

И е целосно посветен на одбрана на неговиот шеф Мицкоски, за случајот со теретаната.

Чулев и Мицкоски немаат никаква почит ниту кон здравствените работници, ниту кон експертите од Комисијата за заразни болести. Наместо да ја поддржат работата на Комисијата, тие бараат нејзино разрешување и со тоа сакаат да ги остават граѓаните на цедило.

Мицкоски и Чулев се олицетворение на неодговорноста и се водат од позицијата “колку им е полошо на граѓаните, толку е подобро за нивната партија”.

Денеска, стигнува сметката од ваквото несовесно, незрело и неодговорно однесување.

Токму затоа, Чулев мора веднаш да поднесе оставка, затоа што свесно го загрозува здравјето на граѓаните и свесно поттикнува незаконско постапување.

Македонската полиција и македонските граѓани треба час поскоро да се ослободат од деструктивноро однесување на Наќе Чулев.

Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Back to top button
Close