Квебек: Двајца загинати, деветмина повредени откако комбе влета во група пешаци


Две лица загинаа, а девет се повредени кога комбе влета во пешаци во источен Квебек, соопшти канадската полиција.

Возачот на комбето е уапсен на местото на настанот, а истрагата е во тек, изјави портпаролката на локалната полиција.

Таа додаде дека се верува дека станува збор за изолиран инцидент.

Несреќата се случила околу 15 часот по локално време, во градот Амкви со околу 6.000 жители.

Канадскиот премиер Џастин Трудо упати сочувство за несреќата.

Back to top button
Close