Ласо по отказот од Реал: Имам потврда од моите лекари дека можам да тренирам кој било кошаркарски клуб

epa09910755 Real Madrid head coach ?Pablo Laso reacts during the Euroleague basketball play-off match between Maccabi Tel Aviv and Real Madrid in Tel Aviv, Israel, 26 April 2022. EPA-EFE/ABIR SULTAN

 

 Реал Мадрид денес официјално ја објави одлуката да го ослободи Пабло Ласо од должностите како главен тренер на тимот поради медицински причини.

– По срцевиот удар што го доживеа нашиот тренер пред неколку недели, Реал Мадрид имаше неколку консултации со лекари и кардиолози. Сите тие рекоа дека продолжувањето со работа повлекува јасен ризик за здравјето на тренерот, се вели во соопштението на Реал Мадрид.

Ласо реагираше на Твитер.

– Мило ми е што можам да споделам со сите дека имам целосна потврда од лекарите дека можам да тренирам кој било кошаркарски тим на професионално ниво. Благодарен сум за сите знаци на внимание. Ќе имаме личен состанок во блиска иднина за да можам да го задоволам вашиот интерес, напиша 54-годишниот кошаркарски стручњак.

Back to top button
Close