Лавров: Англосаксонците се подготвуваат за години на конфронтации во Азија


Русија денеска ги обвини САД, Австралија и Велика Британија за оркестрирање на повеќегодишна „конфронтација“ во Азија.

-Англосаксонскиот свет гради блок структури како АУКУС, ја подобрува инфраструктурата на НАТО во Азија и на тој начин сериозно навестува повеќегодишна конфронтација, изјави шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, во Москва.

Американскиот претседател Џо Бајден и австралискиот и британскиот премиер Ентони Албенезе и Риши Сунак најавија дека Австралија ќе купи нуклеарни подморници од САД за да ја модернизира својата флота поради зголемената загриженост за влијанието на Кина во Индо-Пацификот.

Бајден се состана со Албанезе и Сунак во Сан Диего, 18 месеци по склучувањето на нуклеарното партнерство на АУКУС, за кое Кина тврди дека го прекршува Договорот за неширење на нуклеарното оружје

Back to top button
Close