Лавров: Русија е подготвена за преговори за решавање на украинското прашање

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, денеска изјави дека неговата земја е подготвена за преговори за решавање на украинското прашање и додаде дека разговорите со САД на таа тема биле корисни.
Според него, администрацијата на Трамп од самиот почеток имала и желба и способност да ги види основните причини за конфликтот меѓу Русија и Украина, пренесе Спутник.
Тој оцени дека Европската Унија ги отежнува преговорите и наоѓањето доверливо долгорочно решение.
Претседателот на Русија, Владимир Путин, во саботата во Кремљ се сретна со специјалните пратеници на американскиот претседател, Стив Виткоф и Џаред Кушнер.






