Лазаров: Целта е исполнета, одиме добро да се подготвиме за средбите во Главната рунда

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров даде првична оценка за настапот на „црвено-жолтите“ во првата фаза на 29. Светско првенство.

– Треба да сме задоволни. Со пласманот во Главната фаза ја исполнивме првичната цел. Можевме многу подобро вечерва, но најважно е што победивме. Драгоцено е и искуството што го стекнуваат младите. Имавме 20-ина промашени удари од кои многу зицери. Со поквалитетен противник не смееме да си  дозволиме таков луксуз. Добро е што ги поштедивме Митревски, Пешевски, Митев. Допрва ни доаѓаат тешки борби, ни треба енергија. Одиме да се одмориме и да се подготвуваме за Австрија во вторник. Благодарност за големата поддршка од македонските навивачи кои се овде, но и од цела Македонија, истакна Лазаров.

Во Главната рунда Македонија ќе игра против репрезентациите на Франција, Австрија и Катар.

Според распоредот, следниот натпревар Македонците ќе го играат на 21 јануари исто така во Вараждин, со голема веројатност против Австрија

Back to top button
Close