Лажниот доктор од Вевчани бил само апсолвент на Штипскиот универзитет


Докторот кој шест години ги лечел вецчанци, а во последнава година и пол бил и раководител на службата за Итна медицинска помош во Здравствениот дом во Вевчани, бил само апсолвент на Штипскиот факултет за медицински науки. Како што информираат оттаму, на 33-годишникот не му било издадено ниту уверение, ниту диплома.
До нас не е пристигнато ниту едно барање од надлежен орган за проверка на документација. Но според она што ние го проверивме, последен пат тој бил активен на медицинскиот факултет во Штип 2014-2015 година, кога бил апсолвент. Запишан бил 2008-2009 година. Факултетот нема издадено ниту диплома, ниту уверение за тој студент, велат од Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип.

Него го нема ниту во регистарот на Лекарската комора, бидејќи како што вели претседателката на комората, доктор Калина Старделова, тој немал лиценца за работа, нити имал положено стручен испит.

Извори за Алфа потврдуваат дека сомнителниот лекар во октомври 2016 година, кога е примен на работа во службата за Итна медицинска помош, приложил оргинални документи од диплома, уверение за положен стручен испит и лиценца за работа, но никој не се посомневал во веродостоноста на истите, сè до пред неколку дена кога во Здравствениот дом стигнал допис од Лекарката комота дека не постои лиценца за работа со таков број и под тоа име.
За сега ниту од полицијата ниту од Основното јавно обвинителство не соопштуваат детали за случајот. Од таму со истиот одговор како и вчера дека ОЈО Струга е известено за настанот и дека „се вршат проверки и се обезбедува документација за да се проверат наводите“.

Докторот-студент е времено суспендиран од работното место, а директорот на здравствениот дом Јован Стојкоски, не сакаше да коментира ништо, сѐ додека, како што рече, не заврши истрагата.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close