Летонија запленува автомобили од пијани возачи и ѝ ги подарува на Украина
Летонија почна да запленува автомобили од многу пијани возачи оваа година, а бидејќи стотици возила почнаа да ги преполнуваат складиштата, властите одлучија да им ги испратат на украинската војска и болниците, пишува „Ројтерс“.
Вчера Рига испратилa седум автомобили за Киев, а во последниве два месеци, во балтичката земја со 1,9 милиони жители над 200 автомобили биле земени од возачи кај кои биле откриени нивоа на алкохол во крвта над 0,15%.
„Всушност е многу страшно кога ќе сфатите колку возачи возат пијани“, рече Реинис Познакс, основач на невладината организација која е задолжена од владата да ги испорача возилата во Украина.
Дваесетината конфискувани автомобили што државата и ги вети на Украина, ќе ги тестираат границите на нашата главно доброволна операција, рече Познакс.