Левица поднесе предлог-закон за драстично намалување на патните трошоци на пратениците

Ја известуваме јавноста дека пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, денес до собранискиот спикер поднесоа Предлог-закон за изменување на Законот за пратениците во делот на патните трошоци.

Со овој закон, Левица предлага четирикратно намалување на досегашните патни трошоци (од 20% на 5% од продажната цена на литар гориво за изминат километар). Ова практично значи дека патните трошоци ќе бидат сведени на реалната цена на чинење на патен билет во меѓуградски превоз.

Овој Предлог-закон е плод на широка компаративно-правна анализа на регулативите на земјите од ЕУ и Западен Балкан, којашто во изминативе неколку месеци ја спроведе нашиот правен тим, а од која само ни се потврди ноторниот факт дека Република Македонија за еден мандатен период на Собранието е рекордер во Југоисточна Европа по потрошените јавни пари за патни трошоци на парламентарците.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
28 април, 2021

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close