Левица: Скандал со училишните униформи памук за едни – поскапа синтетика за други
Соопштение на Левица;

Додека учениците во Општина Гази Баба добиваат училишена облека изработена од 100% памук по пониски цени, родителите во Општина Аеродром плаќаат повеќе за парчиња со значителен удел на синтетички материјали.
Сомнежи за нерационално трошење на општинските пари и прашања околу квалитетот на училишните униформи ја брануваат јавноста по споредбата на набавките во две соседни скопски општини.
Со споредба на цените и составот се отвора прашањето како Општина Гази Баба успеала да обезбеди подобри услови и поквалитетен материјал, додека Општина Аеродром издвојува милионски суми за полусинтетички униформи.
Јавноста бара одговори од градоначалникот Дејан Митески за тоа кои биле критериумите при јавната набавка и зошто жителите на Општина Аеродром плаќаат поскапо за униформи со значително понизок квалитет на материјалот.






