Лидерите на ЕУ ја испратија првата порака до Трамп по инаугурацијата
Лидерите на ЕУ му посакаа успех на Доналд Трамп во неговиот втор мандат како претседател на САД, јави ДПА.
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет Антонио Коста попладнево на платформата Х ги објавија своите најдобри желби до новиот американски претседател.
„ЕУ со нетрпение очекува да работи тесно со вас за да се справи со глобалните предизвици“, напишаа двајцата, пренесе ДПА.
Во објавата на Х го има повикот до новата администрација за тесна соработка со ЕУ.
„Заедно, нашите општества можат да постигнат поголем просперитет и да ја зајакнат нивната заедничка безбедност. Ова е трајната сила на трансатлантското партнерство“, напишаа Кошта и Фон дер Лајен во заедничката објава на Х.