Лифт му ја откина главата на вработен во Парламентот на Србија
Вработен во Народното собрание на Република Србија Н.К.(45) загина денеска во зградата на Собранието додека се обидувал да го поправи лифтот.
Како што објавуваат српските медиуми, лифтот ненадејно тргнал и му ја откинал главата на работникот кој вообичаено бил задолжен за одржување на водоводот.
Вработените веднаш повикале Итна помош, која можела само да констатира смрт.