Лишен од слобода турски државјанин баран со потерница

Полициски службеници од Министерство за внатрешни работи на Северна Македонија – Сектор за меѓународна полициска соработка, во координација со Основно јавно обвинителство Скопје, вчера во 15:30 часот во скопското село Визбегово, скопско, го лишиле од слобода А.Џ.А. (26) од Турција.

Како што соопшти МВР, лицето било баранo со меѓународна потерница распишана од Турција, по што е предадено на надлежното обвинителство и изведено пред Основен кривичен суд Скопје.

На лицето А.Џ.А. му е одреден екстрадициски притвор во редовна постапка и е спроведен во КПУ затвор Скопје.

Back to top button
Close