Лишени од слобода двајца поради возење под дејство на алкохол – едниот имал 3.34 промили алкохол во крвта

Полициски службеници од ОВР Кавадарци денеска ги лишиле Х.К. (22) и А.М. (35) поради сомнение за сторено кривично дело „Безобзирно управување со моторно возило“, предвидено во член 297 А од КЗ, а поради управување на возило под дејство на алкохол.

Како што информира МВР, кај Х. К. е констатирано дека возилото го управувал со 2.65 промили алкохол во крвта, додека кај А. М. констатирано е дека истиот го управувал возилото со 3.34 промили алкохол во крвта.

Лицата се задржани во ОВР Кавадарци, известен е Јавен обвинител од ОЈО Кавадарци и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок

Back to top button
Close