Лишено од слобода лицето што го оштети стаклото на влезната врата на бугарската амбасада во Скопје
12.01.2026 14:34
2,793 Читање помалку од 1м
Денеска (12.01.2026) во 12:40 часот на ул. „Кирил и Методиј” во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар го лишија од слобода Ш.А.(54) од Скопје, затоа што вчера (11.01.2026) го оштети стаклото на влезната врата на амбасадата на Република Бугарија во Скопје.
Веднаш по добиената пријава, беа преземени мерки и активности за пронаоѓање на сторителот и расчистување на случајот и Ш.А. е лишен од слобода, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.