Лојд Остин: САД се подготвени да ги бранат балтичките земји доколку е потребно

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин изјави дека САД се подготвени да ги бранат балтичките земји Естонија, Летонија и Литванија доколку е потребно.

„САД остануваат цврсто посветени на слободата и суверенитетот на нашите балтички сојузници“, рече Остин на прес-конференција во Талин по разговорот со естонските лидери.

„Остануваме обединети со вас за да ве заштитиме и да спречиме каква било закана за нашата заедничка безбедност“, нагласи тој.

Back to top button
Close