Лондон: Украина ослободила повеќе од половината од окупираните територии

Британското Министерство за одбрана објави преку Твитер дека украинските сили ослободиле околу 54 отсто од територијата окупирана од руските сили од почетокот на инвазијата на 24 февруари оваа година.

Руските сили во моментов контролираат околу 18 отсто од меѓународно признатата територија на Украина, која вклучува области во источниот регион Донбас и Крим, украинскиот полуостров анектиран од Русија во 2014 година, објави британското Министерство за одбрана.

Back to top button
Close