ЛШ: Елмас во група со Ливерпул, Адеми и Ристовски против Милан

Европската фудбалска федерација (УЕФА) вечерва со жрепка во Истанбул го одреди составот на групите во Лигата на шампиони (ЛШ), од кои најсилна ќе биде групата Ц во која ќе играат Баерн Минхен, Барселона, Интер и Викторија Плзен.

Италијански Наполи во чие редови настапува македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ќе игра против Ајакс, Ливерпул и Глазгов Ренџерс, додека неговите репрезентативни колеги Стефан Ристовски и Аријан Адеми со загрепски Динамо за противници во групната фаза ги добија Милан, Челзи и Салцбург.

Групна фаза во лигата на шампиони за сезоната 2022/23.

Група А: Ајакс, Ливерпул, Наполи, Глазгов Ренџерс

Група Б: Порто, Атлетико Мадрид, Баер Леверкузен, Клуб Бриж

Група Ц: Баерн Минхен, Барселона, Интер, Викторија Плзен

Група Д: Ајнтрахт, Тотенхем, Спортинг, Олимпик Марсеј

Група Е: Милан, Челзи, Салцбург, Динамо Загреб

Група Ф: Реал Мадрид, Лајпциг, Шахтјор, Селтик

Група Г: Манчестер сити, Севиља, Борусија Дортмунд

Група Х: ПСЖ, Јувентус, Бенфика, Макаби

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close