Лукаревска: Некои државотворни одлуки беа по цена на рејтингот на СДСМ

Државотворните одлуки кои сме ги носеле не само овој период, туку години наназад, и по цена на рејтингот на СДСМ, нашата заложба било дека граѓанинот е на прво место, државата, безбедноста, сигурноста, просперитетот, се исто така на прво место.

Новиот состав од 120 пратеници треба да има заедничка свест, дека сите одлуки кои ќе ги носиме треба да бидат исклучиво за доброто на државата. Тоа се, исто така, и уставните измени, рече заменик претседателката на СДСМ, носител на Третата изборна единица и директорка на УЈП, Сања Лукаревска, во емисијата Клик плус на ТВ 21.

Таа се осврна и на задачите што не очекуваат по изборите.

– По завршување на овие избори, повторно со препорака на ОБСЕ и ОДИХР, ќе седнеме и ќе разговараме за нов Изборен законик. За отворени листи, една изборна единица, 90 пратеници и ќе донесеме нов Изборен законик прифатен од сите политички партии – рече Лукаревска.

Во врска со укинувањето на техничката влада кое како барање го постави опозицијата, Лукаревска посочи дека тоа е доказ за постоење на демократичност и функционирање на институциите.

Лукаревска најави дека во вторник СДСМ ќе има посебна конвенција за претседателскиот кандидат Пендаровски.

 

– Тоа е кандидат кој обединува и многу државнички ја вршеше својата функција во изминатиот мандат. Не правеше разлика меѓу граѓанините, ја имаше европската перспектива како дел од неговиот начин на делување и има сопствен одличен интегритет – рече Лукаревска.

Во однос на резултатите од претседателските избори, таа посочи дека извесни се резултатите, согласно рејтинзите и анкетите и ќе следува реприза од последните претседателски избори

Back to top button
Close